Македонските кик боксери овој викенд ќе настапат на Светскиот куп ,,Хрватска опен “ кој ќе се оддржи во Макарска од 12 до 14 декември. Нашата репрезенатција ќе ја предводи искусниот Димитар Ѓеорѓиев (-79 кг), кој ќе настапи во дисциплината кик лајт. Тој е член на клубот ,,Гладијатор “ од Неготино.
Во кадети ќе не претставува штипскиот клуб ,, Гладијатор “:
Кристијан Корпашев – 55 кг поинт фајт
Ѓоше Ѓошев -50 кг лајт контакт
Божидар Јанков- 60 кг лајт контакт
Викторија Варадинова -60 кг лајт контакт
Јована Арсова -55 кг лајт контакт.
Тренерот Кирил Нацев и неговиот помошник Павле Георгиев велат декиа се задоволни од подготвеноста на кикбоксерите и се надеваат на успеси и медали на младите кадети.
В.Д.