Кик бокс репрезентацијата освои 12 медали на Балканското првенство во Црна Гора (ФОТО)

Македонската кик бокс репрезентација освои 12 медали во јуниорска и сениорска конкуренција на Балканското првенство во Бјело Поље, Царна Гора, од кои четири се во сениорска – 1 златен, 2 сребрени и борнзен, во јуниорска 8 – 1 златен, 5 сребрени и 2 бронзени.

Емир Ибраими стана балкански шампион во лоу кик во сениорска конкуренција откако во финалето славеше над Искендер Карпачи од Турција. Викторија Варадинова во финалето загуби на поени од Ивана Радиќ од Босна и Херцеговина, но пред се поради повредата на коленото, иако била подобра.

Бобан Илиовски извојувал победа против Михаил Николов од Бугарија, а изгубил од Немања Пантелиќ од Србија, додека Слаѓан Димиќ е поразен од Муџати Берне од Турција.

Медалите ги освоија:

јуниори, кик лајт
-57 кг Флип Ризов – златен медал
-69 кг Амир Алиу – сребрен
-55 кг Јована Арсова – бронзен
-60 кг Викторија Варадинова– сребрен
-74 кг Наим Салими – сребрен

јуниори, лоу кик
-47 кг Стефан Крстев – бронзен
-51 кг Марко Тодоров – сребрен
-71 кг Слаѓан Димиќ – сребрен

сениори, кик лоу
-60 кг Горан Крстановски – сребрен
-63 кг Емир Ибраими – златен
-67 кг Златко Стојменов – сребрен
-75 Бобан Илиоски – бронзен

Ipon.mk/В.Д.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON