КФМ ги зголеми котизациите за Државните првенства, клубовите се жалат дека се превисоки

Крате федерацијата на Македонија денес ги извести клубовите дека ИО на КФМ вчера донел одлука со која се врши измена на висината на котизациите за учество на натпреварувачи на Државните првенства на Карате федерацијата на РСМ и тоа за:

– Пријавување за поединечен настап (кати или кумите): 1.000,00 денари
– Пријавување за настап на тим/екипа (кати или кумите): 1.500,00 денари.

Овааодлука наиде на остра реакција на клубовите, бидејќи ова е покачување за 70 отсто на котизацијата што сериозно ќе се одрази и на онака тенките буџети.

Во една од реакциите се вели: „Сметаме дека за ваква одлука требаше првично да има дискусија и пред да се донесе одлука, да побаравте и мислење од клубовите.

Во ова време, каде што клубовите се оставени самите на себе да се снаоѓаат, кои едвај успеваат и кирии да подмират, се носи одлука за поскапување на учеството и тоа на 1000 ден и 1500 ден, без никакво образложение!

Апсолутно не се согласуваме и се противиме на оваа одлука“.

„Не се согласуваме со покачувањето на котизацијата, кое не е во нормални услови, кога сите клубови крај со крај не можат да сврзат. Се надеваме дека ќе се врати на старо и годишната членарина ќе биде на половина“, искатнуваат во друга реакција.

Понатаму: „Наместо да се намали и годишната членарина, Вие ги зголемувате котизациите ? На која основа ? За учество на едно Државно првенство! Во услови на неодржување на клупски турнири ова е срамота“.

„Имаме забелешка во зголемувањето на котизацијата. Мислиме дека е превисока, и, воедно, да прашам на што се должи и која е целта на зголемувањето на истата“?

На потег е КФМ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО