Кевин Холанд со нов херојски чин

Кевин Холанд стана херој уште еднаш во животот. Овој пат ѕвездата на УФЦ спаси човек од превртен камион. Рече дека за разлика од претходните ситуации, сега не бил толку ладнокрвен.

„Возев по автопат кога видов како се преврте камионот“, изјави Холанд и продолжи: „Веднаш истрчав и му помогнав на човекот да излезе. Следниот момент ми рече дека треба да се врати за да си го земе телефонот. Му помогнав по втор пат, но кога сакаше да се врати по трет пат, му реков дека заминувам. За прв пат во ваква ситуација навистина се исплашив. Неговото гориво течеше насекаде и размислував дека во секој момент ќе експлодираме. На крајот се помина добро и никој не беше повреден.

Холанд се чуди како постојано му се случуваат такви работи.

Потсетуваме, тој пред извесно време со огнено оружје неутрализираше маж кој отвори оган во преполн ресторан. Во друг случај, Холанд и помогна на полицијата да фати крадец на автомобили.

Според него, проблемот лежи во неговиот детски сон да биде суперхерој и им препорача на своите фанови да внимаваат што посакуваат.

„Многу работи што навистина ги сакате навистина можат да ви се случат, затоа изберете внимателно“!

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО