Кертис Блејдс се соочува со Александар Волков на 20 јуни на УФЦ институтот во Вегас. Тие ќе се борат во главната борба на вечерта и „Разор“ планира да постигне нова победа со завршница. 29-годишниот борец има скор 8-2-1 во УФЦ и само Нгану успеа да го победи. Блејдс е во серија од три последователни победи и на крајот од јануари годинава го заврши Жуниор дош Сантос.
Блејдс изгуби само еднаш во последните 10 борби и верува дека дојде време за титулата. Тој ќе се потпира граплингот во битката со Волков и планира да не дојде до одлука на судиите.
„Мислам дека ова ќе биде класична борба – граплер против напаѓач. Можам да се бораам и во стој. Дефинитивно претпочитам да се борам. Знам дека Волков има долги нозе. Мислам дека имаме ист обем. Мислам дека тоа нема да биде фактор. Тој сака да се бори од далеку и не сака да оди на клинч. Знам дека не сака да биде во зоната за граплинг. Планирам да го доведам во оваа зона.
Ќе притискам. Ќе го туркам до мрежата и ќе видам што ќе се случи. Кафезот ќе биде помал и ова е сон за секој граплер. Дефинитивно, помалата големина на октагонот е во прилог на граплерите. Се сомневам дека битката ќе има 5 рунди. Ќе има крај во некоја рунда. Зависи колку време ќе ми треба да го скршам. Разговарав со моите менаџери и нема друг противник кој вреди да се борам. Имам доволно пари да не се борам осум месеци. Имам пари и ќе бидам во ред. Ќе чекам меч за титулата, ако го победам Волков“, рече Блједс.
https://www.instagram.com/p/CBS5g39Abkd/?utm_source=ig_embed
https://www.instagram.com/p/CBLuE5sgALX/?utm_source=ig_embed