Абу Даби е фаворит да го добие мечот Нурмагомедов-Гејџи

Втора година по ред, судбината на титулата во лесна категорија на УФЦ може да се одлучи во Абу Даби.

Ова го изјави претседателот на ораганизацијата – Дана Вајт. Последниот пат појасот беше залоге на УФЦ 242, што се случи во септември во Абу Даби.

Пред неколку дена, Вајт откри дека „Борбениот остров“, за кој се зборуваше долго време, е во Абу Даби.

Иако сè уште нема официјален датум, извори блиски до организацијата тврдат дека сите очи се вперени за 19 септември, кога е планиран УФЦ 253.

Пред пандемијата на коронавирусот да ги откаже светските спортски настани, УФЦ и Абу Даби склучија петгодишен договор за одржување на настани таму. Целта на овој договор е борците кои имаат проблем да влезат во Соединетите држави да се борат таму.

„Должни сме да им обезбедиме борби“, рече Вајт.

„Абу Даби е фаворит да биде домаќин на шампионскиот судир меѓу Хабиб и Џастин подоцна во годината, кога ќе се вратиме таму“.

„Не, битките нема да се одржуваат на песок. Таму не може да се инсталира осветлување. Не можеме да ја контролираме природата – дожд, ветер и друго. За мене најважно е удобноста на борците и луѓето во арената “, рече претседателот на организацијата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО