Кертис Блајдес: Сакам да се вратат времињата кога најдобрите се бореа еден со друг

Претендентот за титулата во тешка категорија, Кертис Блајдес, не е задоволен од развојот на настаните во категоријата. Даниел Кормиер, кој е шампион, претпочита да се бори со казнетиот од УСАДА Брок Леснар, а тоа воопшто не му се допаѓа на Блајдес, кој повторно треба да се бори. Тој смета дека заслужува шанса за титулата.

Блајдес сонува за добрите стари времиња кога најдобрите се бореа едни против друг.

„Гадно е, затоа што борец кој нема победа околу 8 години и е казнет од УСАДА, ќе добие шанса за титулата во тешка категорија. Јасно е дека тој е големо име и привлекува внимание и платени гледања, но, просто, сакам да се вратам во времињата кога најдобрите се бореа еден против друг.

Сега никој не се грижи за тоа и секој мисли само за парите што ќе ги заработат од одредена битка. Посакувам се да е како порано и кога двајца мислат дека се најдобри го докажуваат тоа во ќелијата, но тоа нема да се врати“.

Кертис Балјдес се враќа на 25 ноември во Кина за втора борба со Френсис Нагану кој пред години го победи, затоа што Блајдес беше со затворена око и лекарите не му дозволија да се бори.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО