Русимар Поларес поразен во разочарувачки настап

Русимар Паларес настапи на граплинг натпреварувањето KASAI Pro 3 во Њујорк.

ММА борецот познат по предолгото држење на зафтите и намерна повредување на противникот пружи разочарувачки меч.

38-годишниот Бразилец изгуби со судиска одлука од Крег Џонс. Дуелот заврши со најнепосакуваниот исход. Австралиецот доби врз основа на казнените поени. Според извештајот Фло граплинг, Паларес седел на колена пред Џонс сите 15 минути одбивајќи активна борба и со дефанзивен став го оневозможил Џонс да нападне.

„Токино“ на мерењето тежеше осум килограми повеќе. Борбата прво беше договорена на 84 килограми. Бразилецот ги информираше организаторите дека нема да може да го исполни тоа, така што границата е подоигната на 90,7 килограми. Паларес на мерењето се појави со тежина од речиси 99 килограми. Џонс се согласи мечот да се одржи во отворена категорија.

Во ММА борбите Палхарес настапува во категоријата до 77 килограми.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО