Македонската кендо-иаидо федерација преку јавен повик бара волонтери кои имаат желба да земат учество во организацијата и реализацијата на претстојното Европско првенство во Кендо во Скопје од 31 март до 3 април.
Потребни се 40 волонтери, а секое лице треба да е постаро од 15 години, без разлика на расна, верска, национална или политичка припадност. Волонтерите ќе бидат распоредени на задачи кои се најсоодветни за нивните вештини и знаења кои ги поседуваат.
Сите заинтересирани лица може да се пријават на следната e-mail адреса: [email protected]. Пријавувањето ќе трае до 29 февруари 2016 година.
Ipon.mk