Кели „Френк“ Малони: Јас сум хетеросексуална жена (ВИДЕО)

frenk Maloni

Легендарниот англиски боксерски менаџер и промотор, Френк Малони, продолжува да предизвикува неверојатен интерес кај медиумите на Островот поради скандалозната промена на полот. Тој сака да биде нарекуван со своето ново име Кели и отворено зборува за промената во себе. 

„Јас сум хетеросексуална жена – изјави за „Дејли стар“ човекот кој донесе Ленокс Луис до апсолутна светска титула во тешка категорија.

– Знам дека е тешко. Мој идеален маж за средба е Том Селек. Многу е кул. Повредив доста луѓе со мојата одлука“.

Желбата на Малони да го смени својот пол избувна откако тој беше примен во болница, веднаш по вториот пораз на неговиот последен топ боксер Дејвид Прајс од Тони Томпсон – Тигар.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON