Чагаев – Оквендо 2 на 17 октомври

Cagaev Okvendo

Ќе има реванш меч за титулата на Светската боксерска асоцијација во тешка категорија меѓу Руслан Чагаев (Узбекистан) и Фрес Оквендо (Порторико), иако нивната прва средба заврши со скандал. Мечот ќе се одржи на 17 октомври, најверојатно, во Германија.

Првиот меч беше во јули минатата година и заврши со победа на Узбекистанцот. Неговиот ривал беше обвинет дека употребил допинг во обид за да преполови хонорарот на Чагаев.

Сепак, и по ова, Оквендо доби можност за реванш. Победникот од нивната средба ќе боксира со непобедениот Австралиец Лукас Браун.

https://youtu.be/FHg-P0y4F-U

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО