КБФМ: Неделковска е променета заради несогласување за работењето како претседател, протестно писмо за таблата со ФИР Мацедониа

Nedelkovska so turcinot

Пред неколку дена објавивме дека претседателката на Балканската кик бокс унија, Александра Неделковска, е променета од функцијата без објаснување, која е прв човек на Кик бокс федерацијата на Македонија (КБФМ) и дека на Блаканското првенство во Врбас, Србија, нашата земја беше именувана како ФИР Мацедониа, иако во Светската кик бокс федерација (ВАКО) е примена како Македонија.

fyr macedonija

КБФМ излезе со официјален став за настаните во Врбас.

„На вашиот интернет портал беше објавено за промената на г-ѓа Неделковска од претседател на Балканската унија и за името на нашата држава. До промена на г-ѓа Неделковска дојде заради несогласувања околу нејзината работа како претседател.

Околу таблата со името на нашата држава беше упатено протестно писмо до организаторот и до новиот претседател, чиј одговор ви го доставуваме. На Балканското првенство Македонија не беше присутна заради немање финансиски средства. Доколку имавме наши претставници немаше да се дозволи такво нешто. Знамето на Македонија и таблата со името беа поставени во чест на претседателот на Балканската унија А.Неделковска“, се вели во обраќањето на КБФМ до Ipon.mk.

Душан Килибарда со пехарот
Душан Килибарда со пехарот

„Што се однесува за таблата натписот на ФИР Мацедониа може да се согласам со вас дека тоа е точно, во прашање е техничка грешка која се поткрадна во рамките на подготовките за отворањето на шампионатот и нема никаква друга конотација. Затоа сакам во мое лично име и во име на организацискиот одбор да ви се извинам и уште еднаш да ве уверам дека во прашање е чиста техничка грешка“, вели претседателот на КБК Врбас, Душан Клибарда, кој беше организатор на БП, а самиот Килибарда го даде предлогот за смена на Неделковска.

Ipon.mk/В.Д.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON