Катерина Николоска се стекна со интернационална „А“ судиска лиценца во џудо

Катерина Николоска се стекна со интернационална „А“ судиска лиценца во џудо. Ова е едно од највисоките судиски достигнувања на наш судија, а е и меѓу избраните и на Балканот.

Со оваа лиценца Николоска може да суди на континентални и светски првенства.

Семинарот и испитот се одржаа во Калгари, Канада, под водство на професор Даниел Ласкау (ИЏФ рефери хеад директор).

Катерина е македонска спортистка која по прв пат ја претставуваше нашата држава на Олимписките игри во Рио де Жанеиро 2016 во Бразил, а со континентална судиска лиценца се здоби 2018 година во Прага, Чешка.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО