Катерина Ацевска ќе се бори за бронзен медал на Европското сениорско првенство во џиу џицу

Катерина Ацевска ќе се бори за бронзен медал на Европското сениорско првенство во џиу џицу во дисциплината фајт.

Ацевска е на прагот да оствари историски резултат, односно да го освои првиот сениорски медал за Македонија, која е најмалада во категоријата.

Според селекторот Александар Ацевски, само стравот придонел за пораз од фаворизираната Германка. Но, искуството секогаш е важно.

Борбата на Катерина е во 18:30 часот.

На ЕП учествуваат 361 натпреварувач од 28 држави.

Европско првенство – Загреб:

+70 кг
Катерина Ацевска – Лаура Мулер (Германија) 8-12
Катерина Ацевска – Европи Мазлиду (Грција) 50-0 фул ипон
Катерина Ацевска – Бјанка Фајхтлбауер (Австрија) 13-11
За бронза
Катерина Ацевска – Надина Билјановиќ (Хрватска)

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО