Катерина Ацевска една секунда ја делеше од европско финале со судиски зачин

Како што претходно објавивме Катерина Ацевска (+70 кг) имаше епска борба за влез во финалето против Црногорката Анџела Вукчевиќ од која загуби со еден поен разлика во полуфиналето на Европското циу џицу првенство за У-16, У-18 и У-21 во Крит, Грција, во борби за У-21.

„Цела борба ја води Црногорката. На секунда пред крајот резултатот 12-11 за Катерина. На секунда пред крајот ја удира во глава и судијата дига ипон. Јас давам челинџ. Еден судија вика било истечено времето, двајца судии не било и победува Црногорката“, ја објаснува конфузната ситуација селекторот Александар Ацевски, објаснувајќи дека на Вукчевиќ во првото коло била слободна, нарејувајќи го тоа „среќа во жребот“ ипобедата над нашата репрезентативка влегува во финалето, каде што победува и го осовјува златниот медал.

„Наникого не кажав дека 10 дена Катерина скина мускулно влакно на задната ложа. Докторот реце никако борби, ама бидејќи беше платен и хотел и котизации, си реков, ај и онака одиме нека излезе. И за малку финале, ЗА СЕКУНДА“, вели Ацевски.

Во борбата за третото место Германката тежела 100 килограми, што било голема разлика воп тежината.

На ЕП настапуваат 609 учесници со 642 натпреварувачки влезови од 25 држави, а Македонија настапува со пет натпреварувачи.

Резултати – Европско првенство:
У-21 борби +70 кг
Катерина Ацевска – Ели Сиркис(Израел) 14-0 ¼ финале
Катерина Ацевска – Анџела Вукчевиќ (Црна Гора) 12-13
Репасаж за бронза
Катерина Ацевска – Виола Фриче (Гернманија) – -17

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО