Катерина Ацевска е петта на Европскиот џудо куп во Скопје

Катерина Ацевска (-78 кг) со пласманот на 5-тото место го забележа најдобриот пласман на Европскиот џудо куп што се одржува во Скопје.

Сестраната спортистка Ацевска преку репасажот стигна да се бори за бронзениот медал, но беше совладана од Лана Бјелица Босна и Херцеговина 0-2

Дел од репасажот беше и Игнат Петров, кој настапи во категоријата до 60 килограми и во конечниот пласман е 7-ми, а преку овој сегмент од турнирот шанса да се бори за трофеј имаше и Лилјана Недановска, исто така е -7-ма.

На првиот ден од македонските џудисти настапија уште Сергеј Димитровски, Никола Магдески, Андреј Симоновски, Георгиј Магдески и Кристина Мантароска.

На Европскиот јуниорски куп во џудо на кој настапуваат 229 натпреварувачи од 29 земји.

Европскиот јуниорски џудо куп се одржува салата на СЦ Јане Сандански.

Резултати

-78 кг
Катерина Ацевска – Марцелина Врањеш (Хрватска) 2-0
Репасаж
Катерина Ацевска – 0
За бронза
Катерина Ацевска – Лана Бјелица (Босна и Херцеговина) 0-2

-63 кг
Кристина Мантароска – Нина Цвјетко (Хрватска) 0-1

Лилјана Недановска – Мишел Миза (Израел) 1-0
Лилјана Недановска – Дебора Ѓакова (Косово) 0-1
Репасаж
Лилјана Недановска – 0
Лилјана Недановска – Тора Братаас (Норвешка) 1-2

-60 кг
Сергеј Димитриоски – Динари Доукинс (В. Британија) 0-1

Игнат Петров – Растко Аннџеловиќ (Србија) 0-2
Репасаж
Игнат Петров – 0
Игнат Петров – Идо Медитаче (Израел) 1-0
Игнат Петров – Халид Алараби (Саудиска Арабија) 0-1

-66 кг
Никола Магдески – Артом Сорочан (Украина) 0-1

-73 кг
Андреј Симоновски – Игњат Пауновиќ (Србија) 0-1

Георгиј Магдески – Абдулраиф Маимани (Саудиска Арабија) 2-0
Георгиј Магдески – Дарко Топаловиќ (Босна и Херцеговина) 0-1

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО