Каталин Морошану славеше на Суперкомбат во Мадрид, Стефановски како ураган (ВИДЕО)

 

Суперкомбат изминатиов викенд одржа настан во Мадрид.

Во главната борба на вечерта Каталин Морошану по тепачката во сите три рунди успеа да го победи Лукаш Крупаџиров. 32-годишниот „Смрт од Карпатите“ со оверхенд во последната рунда го собори Полјакот.

Португалецот Бруно Сунсао со удар со петата од вртење го нокаутира Клајд Брунсвијк во првата рунда.

39-годишниот Давид Злотачек во втората рунда го нокаутира Кристијан Ристеа, додека нашиот Даниел Стефановски во првата рунда ја заврши работата против Јану да Круз од Гвинеја-Бисао.

https://youtu.be/p201DYyijds

.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО