Ката тимот (жени) на Македонија на Европското првенство за сениори во Монпелје, Франција, имаше идентичен резултат во првите две кола, и во победата и во поразот.
Маријана Димоска, Мишела Димоска и Пуликсенија Јованоска во првото коло беа подобри од Украина победувајќи ги со 5-0, но во втората средба со идентичен резултат се поразени од Италија.
Немаа можност за репасаж, бидејќи Италија беше поразена во полуфиналето од Германија со 3-2. За европската титула ќе се борат Германија и Шпанија.
Машкиот ката тим (Ферри Исиќ, Мартин Ристовски и Глигор Станоев) во првото коло се совладани од Австрија со 5-0. Во финалето ќе сретнат Франција и Шпанија.
Ipon.mk/В. Д.