Ката тимот (12-13 години) е шампион на Балканот, освоивме и по две сребра и бронзи

 

Машки ката тим 12-13 години деца во состав Пешков, Спасовски и Зверотиќ го освои златниот медал

Уште пет медали за Македонија на Балканското првенство за деца во Истанбул, Турција, од кои еден златен, два сребрени и две бронзи, односно вкупно 15 одличја досега – 3 златни,5 сребрени и 7 бронзени.

Машки ката тим 12-13 години деца во состав Пешков, Спасовски и Зверотиќ го освои златниот медал, совладувајќи ја Бугарија во финалето 4-1. До финалето се совладани Црна Гора и Турција со идентичен резултат 3-2.

Машкиот ката тим од 10-11 години го освои сребрениот медал откако Димчевски, Јовев и Поптодоров во финалето загубија од Црна Гора 1-4. Пред тоа ги совладаа Србија 4-1 и Турција 3-2.

Ката тимот – жени 10-11 години го освои бронзениот медал (Цветковска, Гурева и Стојкова, при што претпреа пораз од Турција 5-0 во единствената средба, бидејќи имаше пријавено 4 екипи. Вукашин Јовановиќ (-35 кг) сребрен медал за деца до 11 години.

Андреа Алесковска бронза во кати за деца до 12 години.

Хамза Зилали (-52 кг) сребро деца до 12 години. Босанецот Кемал Незириќ го победи Хамза во финалето 2-1. До борбата за златниот медал стигна по победите на репрезентативци од Босна и Херцеговина 1-0 и на Турција 2-0 и 2-0.

Турција е неприкосновена до сега, освои вкупно 100 медали – 27 златни, 29 сребрени и 44 бронзени, потоа следи Босна и Херцеговина 45 (8-10-27), Србија 33 (7-5-21), Црна Гора 17 (7-4-6) и Македонија 15 (3-5-7) итн.

Ipon.mk/В.Д.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО