Касиус Клеј официјално не станал Мухамед Али

Muhamed ali nokautira

Електронското издание на УСА Тудеј пишува дека легендарниот боксер Касиус Клеј, попознат како Мухамед Али, никогаш официјално не го променил своето име.

Мухамед Али почина на 3 јуни на 74 години во болница во близина на градот Феникс, во сојузната држава Аризона, каде беше хоспитализиран поради проблеми со белите дробови. Погребот беше според муслиманскиот обичај на 10 јули во неговиот роден град Лиусвил во Кентаки.

Во 1984 година, три години по завршувањето на боксерската кариера, му беше дијагностицирана Паркинсоновата болест од која патеше 32 години.

 Мухамед Али, е роден на 17 јануари во 1942 година како Касиус Марселус Клеј јуниор, а кариерата ја почна како Касиус Клеј, но подоцна како и многу афроамериканци протестирајќи против политиките во САД се преобрати во исламот и го смени името.

Во написот се наведува дека новинарите на „USA Today“ не успеале да дојдат до никакви правни документи со кои ќе се потврди дека тој преминал во исламот во 1964 година и официјално го сменил името во Мухамед Али.

„Во 1964 година управата за социјално осигурување не барала од носителот документирана потврда за името или за негова промена. Името на социјалната картичка на лицето било отпечатено само врз основа на неговото тврдење. Некои картички биле издадени со имињата кои ги изјавиле самите подносители“, изјавила портпаролката на управата Роксана Вилијамсон.

Али е олимписки шампион од 1960 година, а светски шампион во тешка категорија во верзијата WBA беше од 1967 до 1968 и од 1974 до 1979, и во верзијата ВБЦ од 1964 до 1969 и од 1974 до 1978 година. Во текот на кариерата Али имаше вкупно 61 меч во професионална конкуренција, 56 победи од кои 37 завршиле со нокаут. Немаше ниеден нерешен меч, а забележа 5 порази. Во 1999 година Али беше прогласен за Спортист на векот.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON