Даниел Стефановски: Атакувам и на трета европска титула, а Глори е мојата најголема цел (ФОТО)

Daniel Stefanovski proglasen z apobenik 9 juli 2016

Даниел Стефановски во саботата стана европски првак К-1 во кик бокс во врезија на СПФ, нокаутирајќи го во првата рунда Душан Којиќ од Србија, на ИФЦ настанот во Винтертур-Швајцарија.

Daniel Stefanovski proglasen z apobenik 9 juli 2016

За борбата и победата со нокаутр во првата рунда Даниел вели:

„Борбата помина во најдобар тек, од самиот старт имав можност да собирам поени и после минута и 30-на секунди, со левата рака напаѓав противникот во пределот на црниот дроб, со тоа го онеспособив, којшто по падот веќе не беше подвижен“.

Што е сега на ред откако за краток временски рок ја извојува и третата последователна победа и тоа со освојување на европската титула?

„Наредниот ми е закажан на 24 септември , каде имам шанса да станам европски шампион и по трет пат, но овој пат за друга организација АФСО“.

Daniel so ekipata po pobedata 9 juli 2016

Може ли да очекуваме да одиш на нешто појако?

Имам многубројни понуди од најразлични влијателни организации , но истите ќе ги разгледам заедно со мојот менаџер, со којшто ќе се советувам за моите понатамошни чекори.

Setfanovski Daniel evropski sampion 2016

Колку е далеку или близу Глори, па и Дајнамајт Белтор, или, пак, имаш зацртнато некои други цели?

Glory/Глори е мојата најголема цел. Сериозна организација. Мрежа којашто спроведува настани од овој тип на светско ниво, но најпаметно би било да оставам работите да течат по природен тек, затоа што брзиот подем подразбира и уште побрз пад, така што, земајќи го во предвид фактот дека сум во раните 20-ти години, ќе се фокусирам на континуирано и постепено наградување на моите способности и вештини чекорејќи кон зацртаната цел.

Daniel Stefanovski pobenicko selfi 9 juli 2016

Стефановски (82,5 кг) има 31 борба во кариерата – 28 победа (17 со КО), 2 порази и 1 нерешена борба во К-1 и талјандски бокс. По втор е  европски првак во К-1, а кон крајот на мај стана шампион на Швајцарија во К-1 во ВФЦ верзија.

Ipon.mk/В.Д.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО