Сергеј Ковалев со судиска одлука ја одбрани титулата во полутешка категорија (ВИДЕО)

Kovalev Cilemba od mecot

Сергеј Ковалев (30-0-1, 26 KO) со судиска одлука го победи Исак Чилемба (24-4-2, 10 KO) во нивната боксерска пресметка во Русија пред неколку часа. ВБА (Супер), ИБФ и ВБО првакот во Екатеринбург ја одбрани титулата во полутешка категорија против боксерот од Малави.

Средбата започна со и спитување на силите. Од втората рунда Ковалев започна да го притиска противникот.

Чилемба на моменти успеа да контрира на нападите на Русинот. В седмата рунда допушти тежок удар по што се најде на подот, но го спаси гонгот. Истото се повтори и в осмата рунда.
На крајот на краиштата изненадувањето беше во тоа што Чилемба успеа да издржи до крајот по нападите на Ковалев, кој победи со единогласна одлука на судиите 117-110, 116-111 и 118-109.

Сепак, ова беше попатен меч пред оној со Андре Ворд.

https://youtu.be/gyT2A5-200I

https://youtu.be/UgGO8NsHVSg

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО