Карл Фроч: Кличко ќе го прикаже најдоброто на средбата со Џошуа

Поранешниот светски шампион во бокс за професионалци и актуелен телевизиски коментатор Карл Фроч е убеден дека Владимир Кличко ќе го покаже најдоброто од себе во претстојниот меч со Ентони Џошуа.

Тие ќе се сретнат на 29 април во Лондон, а во мечот ќе бидат заложени две од светските титули во тешка категорија.

„Може за последен пат ќе го гледаме Владимир Кличко во неговата најдобра форма. Средбата ќе се одржи на „Вембли“. Ако мисли дека тоа навистина ќе му биде завршниот меч, тогаш ќе даде се од себе“, смета Фроч, кој работи за „Скај спортс“.

Букмејкерите и понатаму се на мислење дека Кличко е сериозен аутсајдер во овој меч. Коефициентот за негова победа е околу 5.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО