Каратистите сами ќе си го платат учеството на Европското првенство, бидејќи КФМ не добила пари од АМС

Извршниот одбор на Карате федерацијата на Македонија (КФМ) на седницата одржана на 1 декември 2019 година донесе одлука натпреварувачите кои имаат обезбедено право за учество за Европското првенство за кадети, јуниори и помлади сениори (У-21) што ќе се одржи од 7 до 9 феврурари.2020 година во Будимпешта, Унгарија, да настапат со самофинансирање, бидејќи КФМ нема добиено средства од Агенцијата за млади и спорт за ова натпреварување.

Доколку во 2020 година од Агенцијата за млади и спорт се добијат средства за Европското првенство за кадети, јуниори и помлади сениори У21 во Будимпешта, Унгарија, од страна на КФМ средствата рамномерно ќе ги поделени за сите натпреварувачи кои ќе учествуваат на ЕП.

За остварен пласман, средствата на натпреварувачот ќе бидат рефундирани според Правилникот за избор, финансирање и наградување на Државните репрезентативни селекции.

Трошокот по натпреварувач е 12.710 денари (205 евра) без котизација и осигурување, но ќе требат пари и за ручек и за вечера.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО