Арум: Вајлдер е ужасен боксер, но никогаш не сум видел некој така да удира, Фјури е сон на секој промотер

Американскиот промотор на Тајсон Фјури, Боб Арум, му дава голем техничка предност на својот боксер во реваншот со Дионтеј Вајлдер.

Откако првиот меч во декември 2018 година заврши со контроверзен нерешен резултат закажана е нова пресметка за 22 февруари во Лас Вегас.

Фјури во текот на борбата два пати заврши на грб, а откако се најде на подот во 12 рунда изгледаше како да веќе нема да стане. Сепак, требаше да победи на поени.

Арум е во бокс повеќе од 50 години и вели дека никогаш не видел каква снага имаат ударите на Вајлдер.

„Сè уште не сум видел некој со таква сила во еден удар. Никогаш не сум видел такво нешто. Тоа дополнително го потенцира фактот дека не знае да боксира. Тој е ужасен боксер. Тој одржа предавања како не треба да боксира, но ја има таа десна рака и таа е како ласер го пронаоѓа најранливиот дел од анатомијата на противникот “, вели Арум.

Тој смета дека Фјури е еден од најталентираните боксери со кои некогаш работел, а Арум беше промотор на Мухамед Али, Џорџ Форман, Џо Фрејзер, Роберт Дуран, Мани Пакијао, Мигел Кото, Ерик Моралес, Флојд Мејведер, Шугар Реј Леонард, Џејмс Тони и Оскар Де Ла Хоја

„Фјури во себеима малку Али, малку Џорџ Форман – обединува многу силни осбобини на овие момци, а во него има малку и Роберт Дуран. Тој е сон на секој промотор и ме потсетува на времето кога бев промотор на Али. Но, тој беше брилијантен самопромотор, а многу пати луѓето мислеа дека заслугите се мои за нешто што рекол. Секако, немав никаква врска со тоа“.

„Исто е и со Тајсон Фјури. Мојот персонал треба само да му каже кога и каде да се појави. Не кажувајте му на Тајсон Фјури што ќе каже.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО