Јоана Јеџејчик: Вејли Жан е здраво животно, но ќе ја победам

Јоана Јеџејчик нема трпение да си ја врати титулата. Таа ќе се бори против новиот шампион во категоријата Вејли Жан. Битката ќе биде дел од настанот УФЦ 248 на почетокот на март во Вегас. Јеџејчик е во серија од 2 последователни победи во категоријата и смета дека нејзиното искуство ќе биде исклучително важно во битката со опасната Кинеска.

Полјачката признава дека Жан е здрав борец со тешки удари, но не се грижи за тоа. Јоана е подготвена дека да си ја врати титулата и борбата со Жан ќе биде слична на онаа што ја направи со Џесика Андраде.

„Дефинитивно ќе си ја вратам титулата. Жан е здраво животно. Таа е толку голема. Вејли е огромна и удира тешко, но имам повеќе искуство. Сум се борела во многу шампионски битки и ова ме прави вистински борец. Мојата издржливост секогаш е на ниво. Ќе мора да бидам прилично паметна и лукава во оваа битка.

Битката против Жан ќе биде слична на онаа против Андраде. Двете се многу слични. Одат напред, пробаат удари, а потоа се борат. Не се многу технички потоковани, но се силни. Треба да го користам мојот опсег, тајмингот и висината. Се враќам на моите корени.

Правам повеќе комбинации, не само бокс и ножни удари. Горда сум на себе и за тоа што го покажав во мечот против Мишел. Мислам дека испратив силна порака до сите во категоријата. Добар стој, борба и сè беше на ниво“, исткакна Јоана, поранешната шампионка на УФЦ.

https://www.instagram.com/p/B62mbD-AylB/?utm_source=ig_embed
https://www.instagram.com/p/B6xnriGJlkR/?utm_source=ig_embed
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО