Каратистите на Макпетрол отпатуваа на Премиер лигата, Заборски верува во успех

Каратистите на Макпетрол денеска отпатуваа за Лисабон-Потугалија,каде што се одржува второто коло од Карате 1 Премиер лигата.

За Лисабон отпатуваа: Петар Спасеновски, Петар Заборски, Ангела Мојсовска и Абдурахим Идризи.

Спасеновски, Заборски и Мојсовска се во врвот на своите категории и ќе се борат за медал, а Идризи кој пријатно изненади во Истанбул, се бори за статус во категоријата, бидејќи од оваа година се натпреварува во сениори.

Стратегот на Макпетрол, Бошко Заборски, вели дека неговите каратисти се добро подготвени, особено по заедничките подготовки во Подгорица со Омладинац и верува во успех на Карате 1 Премиер лига. Секако, главна цел е Европското првенство во Пореч, Хрватска.

На Премиер лигата ќе настапат 740 натпреварувачи од 87 држави, а Македонија ќе ја претставуваат 6 каратисти.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО