Каратистите на Македонка освоија 9 медали на „Солидарност опен”

Каратистите на Македонка од Штип вчера на Меѓународен турнир „Солидарност опен” во Скопје со 10 натпреварувачи освоија 9 медали.

Медалите ги освоија:
Никола Митев (У13, -48 кг) – златен
Теа Еленска (кадет, -47 кг) – сребрен
Клаудио Јанковски (кадет, -57 кг) – бронзен
Јована Панева (кадет, +54 кг) – бронзен
Лука Митревски (У13, -41 кг) – бронзен
Божјидар Зафиров (У13, -41 кг) – бронзен
Петар Протогеров (У13, -48 кг) – бронзен
Ана Иванова (У10 -44 кг) – бронзен
Јован Арсов (јуниор, -76 кг) – бронзен

Тренерот Сашко Патраклиев изразува задовоство од постигнатите резултати на Солидарност опен и нагласува:

„Тројца наши натпреварувачи се подготвуваат за Балканско првенство за деца од 10 до 13 години 3-5 јуни во Белград, а тоа се Никола Митев, Божјидар Зафиров и Ана Иванова. Се надеваме дека ќе ја оправдаат довербата и ќе не израдуваат со медали“.

Тој истакна дека продолжуваат со напорни тренинзи за претстојните предизвици во овој период.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON