Осум медали за „За Нед До – Златко Неделковски“ на Светскиот шампионат во боречки вештини и спортови

Академијата за боречки вештини и спортови „ЗА НЕД ДО”  – „Златко Неделковски” на Светскиот шампионат во боречки вештини и спортови кој се одржа во Сер – Грција, претставникот на Македонија со 4 натпреварувачи освои 8 медали од кои 5 златни.

На Светскиот шампионат на Светската федерација за боречки вештини (WFMA) кој се одржа во периодот 14 – 15 мај во Сер, по 2 години пауза поради пандемијата учество зеде и тим кој ја претставуваше Македонија преку официјалниот претставник на ВФМА за нашата земја – кик бокс мајсторот Дијана Неделковска.

Имено во конкуренција од над 3.000 натпреварувачи ова се успесите на македонските спортисти:

-Давид Јошевски (13 години, -58 кг ] освои златен и сребрен медал во дисциплините лајт контакт и лоу кик за спортисти до 13 години;

-Бобан Гарабиљевиќ (14 години, -60 к) златен и сребрен медал во дисциплините лајт контакт и лоу кик за спортисти до 14 години;

-Илче Филкоски (17 години, -50 кг ] златен и бронзен медал во дисциплините лајт контакт и лоу кик за спортисти до 17 години;

-Мартин Колоски (20 години, -70 кг) два златни медали во дисциплините лајт контакт и лоу кик за спортисти над 20 години.

Пред почетокот на Светскиот шампионат, претседателот на ВФМА, Томас Смијарис, му оддал почит на големиот учител на боречките вештини и спортови Златко Неделковски кој почина 2020 година а кој беше еден од основачите и на оваа Светска федерација.

Смиарис истакнал дека особено му е чест што новиот претставник – наследник на Златко Неделковски – неговата ќерка Дијана Неделковска од оваа година го презема кормилото за Македонија во оваа федерација, при што и посака успех во шампионатот и одлична идна професионална спортска соработка.

Дијана Неделковска само кратко истакна:

„Прв пат по две години на толку голем настан. Повторно сме најдобри. Претпоставувам дека заветот кон мојот татко дека ќе го задржам нивото на професионалност кај нашите спортисти кое над 45 години гласи под мотото „квалитет пред квантитет”, а особено задоволна сум што со 4 спортисти носиме 8 медали од кои 5 се златни од Светски шампионат”.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО