Каратистите го завршија СП во поединечна конкуренција без висок пласман

По вториот ден на Светското карате првенство во Будимпешта, Унгарија, останува констатацијата дека во поединечна конкуренција во борби останавме без медал.

Во девет натпревари забележавме 3 победи и 6 порази, при што никој не доби шанса во репасажот.

Вероника Костовска, Матеј Белистојаноски и Емил Павлов извојуваа по една победа.

На последното СП во Дубаи Емил Павлов освои сребрен медал, што е најголем успех на македонското карате. Од светските првенства имаме и бронза која ја освои Жарко Арсовски на СП 2010 година во Белград. Но, вчера и денес немавме адут за висок пласман.

Остануваат уште настапите на машките тимови во борби и кати.

На СП учествуваат 988 каратисти со 1130 натпреварувачки влезови од 112 држави.

 

Резултати на СП:

-50 кг
Михаела Мишовска – Нисва Ахмед (Франција) 0-3

-55 кг
Јована Греоргиева – Сиригамоланте Чокпрасертагул (Тајланд) 1-3

-61 кг
Вероника Костовска – Исидора Фернандез (Бразил) 3-2
Вероника Костовска – Александра Гранде (Перу) 1-2

Женската кумите екипа ја сочинуваат: Георгиева, Јовановска, Костовска, Мојсовска.

Македонија – Јужноафриканска Република

-60 кг
Матеј Белистојаноски – Ли Веи Хсу (Тајван) 0-0
Матеј Белистојаноски – Разах Надијае (Сенегал) 0-3

-67 кг
Емил Павлов – Винисус Фигуеира (Бразил) 2-1

Емил Павлов – Али Елшави (Египет) 0-2

-75 кг
Мурсел Мисини – Фарид Агаев (Азербејџан) 3-2

Машкиот кумите тим: Хаџи Кимов, Павлов, Месини, Петар Заборски, Спасеновски, Јакупи и Стефан Стојановиќ.

Македонија – Грузија

Кати тимот мажи е во втора група со 7 репрезентации: Кристијан Бајовски, Давид Спасовски, Александар Спасовски и Андреј Стојановски.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО