Карате федерацијата по трет пат доби мислење дека дискриминира тренери и натпреварувачи

Комисијата за спречување и заштита од дискриминација на 2 март донесе мислење по претставката на тренерите на КК Штип, Сашко и Жарко Арсовски, како и натпреварувачите од овој клуб Бобан Џамѓозов, Драгана Ефтимовска и Виктор Спасов против Карате федерцаијата на РС Македонија и нејзините орани и тела за извршена дискриминација врз основа на лично својство и општествен статус и возраст, спортски работници и спортисти во областа на спортот.

Комисијата во Мислењето вели дека тие се подложени на дискриминација:

„Се утврдува директна и продолжена дискриминација извршена од страна на КФСРМ врз основа на лично својство и општествен статус во областа на спортот кон Сашко Арсовски, тренер, Жарко Арсовски – тренер, Бобан Џамѓозов – спортист-каратист, Драгана Ефтимовска– спортист-каратистка и Виктор Спасов – спортист-каратист, членови на КК Штип од Штип.

Се утврдува индиректна дискриминација која произлегува од Правилникот за избор, финансирање и наградување на државните репрезентативни селекции на РС Македонија, донесен од страна на Извршниот одбор на КФРСМ на 7.3.2022 година, затоа што на натпреварувачи – кандидати за репрезентативци за учество на Европски првенства, во случја кога ќе се појават повеќе кандидати со ист број бодови, што резултирало со ставање на група спортисти, спортски работници во понеповолна положба во споредба со друга група , врз основа на лично својство и општествен статус“.

Во понатамошниот дел од Мислењето Комисијата за спречување и заштита од дискриминација ја образложува дискриминацијата. На крајот и препорака за остранување на повредата на правото на еднаквост и за тоа да ја извести Комисијата во рок од 30 дена. Исто така се препорачува да се измени Правилникот Правилникот за избор, финансирање и наградување на државните репрезентативни селекции во правец на дефинирање на прецизни и јасни процедури при избор на репрезентативци за учество на сите првенства во карате на кои ќе партиципира, со посебен осврт на начинот на кој ќе се врши изборот во случај кога во една категорија ќе се појават повеќе од еден кандидат со ист број бодови.

Во врска со Мислењето се огласи и Карате клубот Штип.

„Карате клубот Штип од Штип клуб со најголеми спортски достигнувања во нашата држава, единствен со два светски сениорски медали и многу европски медали, за чие постигнување клубот во континуитет работи целосно посветено и професионално  со најдобрите тренери браќата Сашко и Жарко Арсовски за што потврдуваат спортските резултати“, се посочува во реакцијата и се истакнува:

„Веќе подолго време клубот на шампионите од Штип е на мета на нестручното и несовесното функционирање на одредени поединци во КФРСМ каде преку лоши  правилници ги скратија правата на  спортисти да учествуваат и да се натпреваруваат  на најголемите спортски натпреварувања .

Со оглед на фактот дека  нашите спортисти се веќе неколку пати се ускратени со правото рамноправно да го изборат своето место во репрензетативните состави, за што како причина ги наведуваме лошите правилници, кои го уредуваат начинот за стекнување на статусот репрензетативец. Токму овие правилници се причина поради која дојдовме во директни судири со раководните структури, заради штетите кои ги претрпе нашиот клуб во изминатиот период. Но, за жал, не најдовме на разбирање и бевме принудени да се спротивставиме на ваквите решенија а во функција на заштита на спортистите и клубот кој поради неправдите се повеќе почнаа да се чувствуваат со откажување на нашите врвни спортисти, кои трпеливо и посветено ги трениравме и ги доведовме до врвно натпреварувачко ниво.

Желбата да се разбере и промени ваквата состојба не примора да се обратиме до Комисијата за заштита и спречување од дискриминација ( КСЗД ) со цел да ги натераме на одговорност стручните лица во КФРСМ при предлагање и носење на Правилници кои сеод важно зачење за клубовите и спортистите.

Да, бевме во право, со вашите лоши решенија Федерацијата дискриминира спортисти, тренери и клубот. Ова е мислење на КСЗД каде во едно детално образложение донесе и Препорака да се надминат и да не се повторат вакви и слични состојби кои се противзаконски .

Сега Карате федрација на РС Македонија е на ред да ги исправи сторените грешки, а ние сме целосно посветени кон исправање на последиците и штетите во нашиот клуб.

Ова е трет пат КСЗД да донесе мислење за дискриминација направено од страна Карате федерацијата.

 

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО