Канониер тежи малку повеќе од шампионот Адесања, Волкановски и Холовеј полесни за 200 грама пред УФЦ 267

95

Судирот за титулата во средна категорија меѓу шампионот Израел Адесања и Џаред Канониер ќе биде главен на настанот УФЦ 267 во Лас Вегас.

И двајцата ја исполнија законската граница на официјалното мерење, а Џаред во мечот ќе влезе нешто потежок од шампионот.

Вагата му покажа 83,9, а Изи тежи 83,2 килограми.

Шампионот во перо категорија Александар Волкановски ќе го брани појасот против Макс Холовеј и двајцата беа полесни за 200 грама од дозволената граница.

Шон Стрикленд и Алекс Переира успешно го поминаа мерењето за борбата во средна категорија, што најверојатно ќе го обезбеди следниот предизвикувач.

Во главната програма на настанот се и натпреварите на Роби Лоулер и Брајан Барберена во полусредна категорија и Педро Муњоз и Шон О’Мели во бантам категорија.