Каноиер и Стриленд ја затворија сезоната на УФЦ со досадна борба

Џеред Канониер и Шон Стрикленд беа предводниции на настанот УФЦ Вегас 66 што се одржа во Лас Вегас.

Борбата во средна категорија меѓу нив беше последната средба во УФЦ за веќе изминатата 2022 година. Навивачите очекуваа цврста и интересна борба, но работите не испаднаа баш така. Канониер и Стрикленд наместија технички дуел во кој не сакаа премногу да ризикуваат.

Џаред се потпираше на ниски удари и удари во телото, а Стрикленд на крошеа во глава. Шон упати двојно повеќе удари во главата на Канониер, кој пак упати двојно повеќе ниски ножни и удари во телото. Средбата беше целосно во стој и немаше многу изненадувања.

Канониер притисна со една идеја повеќе, додека Стрикленд претпочиташе да себори на контра. Натпреварот ќе остане запаметен по неколку тешки крошеа од двете страни, но ништо повеќе. На крајот од борбата, Џаред му пушти крв од носот на Шон, по што борбата стигна до одлука.

Судиите беа поделени во својата одлука и му ја дадоа победата на Џаред – (49–46, 46–49, 49–46). Стрикленд не беше среќен, но тој е сам виновен што не беше поагресивен. Со оваа победа Џеред им се враќа на победите, а Стрикленд влегува во серија од 2 порази.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by UFC (@ufc)

Во главнaтa борба во лесна категорија Арман Царукјан успеа да се справи со Дамир Исмагулов. Царукјан доминираше со него и победи со одлука – (30–27, 30–27, 30–27).

Резултати – УФЦ Вегас 66:

Главна карта

Џаред Канониер – Шон Стрикленд со одлука (49–46, 46–49, 49–46)
Арман Царукјан – Дамир Исмагулов со одлука (30–27, 30–27, 30–27)
Амир Албази – Алесандро Коста со ТКО Р3, 2:13
Алекс Касерес – Џулијан Ероса со ТКО Р1, 3:04
Дру Добер – Боби Грин со КО Р2, 2:45
Михал Олексејчук – Коди Брундејџ со ТКО Р1, 3:16

Прелиминарни
Кори Мекена – Шејан Влисмас со одлука (29–28, 29–28, 29–28)
Метју Семелсбергер – Џејк Метјуз со одлука (30-27, 29-28, 29-28)
Саид Нурмагомедов – Саидјокуб Какрамонов со завршница Р2, 3:50
Рафа Гарсија – Махешате со одлука (30-27, 30-27, 30-27)
Ринат Фахретдинов – Брајан Бетл со одлука (30-25, 30-25, 30-27)
Манел Капе -Давид Дворжак со одлука (30-27, 30-27, 29-28)
Сергеј Морозов – Џорнеј Њусон со одлука (30-27, 29-28, 29-28)

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО