Канело за медиумите: Во рингот ќе се сетам на навредите од Плант

Сoл Алварез објави дека битката со Кaлеб Плант сега е на лична основа. Канело ги зеде при срце сите навреди на Британецот и сега ќе си го добие кога ќе влезат во рингот.

„Го почитувам Плант, има добри боксерски вештини, но кажа некои непростливи работи“, изјави Канело на официјална прес-конференција.

„Борбите не се промовираат на овој начин. Тој го направи тоа и сега ќе си го добие. Ќе го прифатам како нешто лично, тренирам многу понапорно од вообичаеното. Ќе ги паметам неговите зборови во рингот.

„Не мислам дека некој досега ги обединил појасите во категорија толку брзо, околу една година. Ова оди во историјата и добро ќе се вклопи во мојата кариера. Приказната е за сите мои фанови, за Мексико“.

„Плант е добар боксер. Има брз диркет и комбинации. Висок е и ќе биде тежок во првите рунди. Тоа не е лесна битка. Сепак, имам вештини и искуство со овој тип на боксери во рингот. Многу сум самоуверен пред мечот. Не на лош начин, само сум уверен во своите вештини“, додаде Канело.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON