Лама: Победа на СП! Една од најважните победи во мојата кариера!

„Победа на СП! Една од најважните победи во мојата кариера! На првенство со најсилна конкуренција во историјата“, напиша на Фејсбук македонскиот репрезентативец Јасин Лама кој синоќа во првата борба на Светското првенство во бокс во Блеград, Србија, со 5-0 го совлада Фабио Росели од Сејшелите и додаде:

„Им благодарам на тренерите кои работеа со мене, а особено на претседателот и потпретседателот (Боксерската федерација на Македонија)“.

Следниот меч на Лама е на 29 октомври со Абдумалик Халоков од Узбекистан. Пред нашиот боксер е голема препрека, но СП е уште поголем предизвик.

Вториот наш боксер, Арсим Етеми, во првото коло е слободен, а во второто силите ќе ги одмери со Андреј Кирјаков од Молдавија на 30 октомври.

Резултати – Светско првенство во бокс:

60 кг Јасин Лама – Фабио Росели (Сејшели) 5-0

Јасин Лама – Абдумалик Халоков (Узбекистан) 29 октомври

80 кг Арсим Етеми – во првото коло е слободен

Арсим Етеми – Андреј Киријаков (Молдавија) 30 октомври

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО