Канело: Секој што се разбира од бокс, ме смета за најдобар

Дебатата за најдобриот боксер продолжува.

Пред неколку месеци Васили Ломаченко важеше за најдобар во спортот, но во октомври загуби со судиска одлука од Теофимо Лопез.

Тогаш фокусот беше насочен кон шампионот на ВБО во полутешка категорија, Теренс Крафорд.

Но, има многу кои веруваат дека мексиканската ѕвезда Сол Алварез-Канело е ѕвезда на овој спорт.

„Оние кои разбираат малку повеќе од боксот, ме сметаат за најдобар боксер. Вистината е дека немам што повеќе да докажувам. Никогаш не можам да ги израдувам сите и не ми е грижа. Си докажав себеси дека можам да имам одлична кариера и тоа е она што ме интересира“, рече Канело.

А, меѓу омилените боксери на Канело се Теофимо Лопез, Гервонта Дејвис и Крафорд.

30-годишниот Канело планира да се повлече од спортот во следните 5 години.

„Мојата цел е да се борам додека не наполнам 35 години, но да видиме што ќе ми каже моето тело …. ако сум сепак силен, подготвен сум да продолжам уште 2-3 години, но целта ми е да се повлечам на 35 и да се посветам на својата деловна активност и на играњето голф“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON