Канело се согласи на условите за реваншот со Головкин

По ремито во септември Сол Алварез – Канело (49-1-2, 34 КО) и Генади Головкин (37-0-1, 33 КО) се на чекор до нова борба.

Претседателот на промоцијата „Голден бојс“, Ерик Гомез, објави дека Канело ги прифатил условите за реванш со Казахстанецот.

Под претпоставка договорите да бидат потпишани, вториот меч помеѓу Канело и ГГГ ќе се одржи на 5 мај или во Т-Мобиле арена во Лас Вегас или во Медисон сквер гарден во Њујорк.

Во договорот за втората борба не постои клаузула за реванш.

Гомез за Лос Анџелес тајмс изјави дека сé што е потребно за работата е да се добие потписот на Головкин.

„Ги разменивме договорите. Поминавме три ревизии. Се надевам дека ќе помине последната и ќе видиме. Сите важни работи веќе се договорени. Останаа некои детали кои се важни, но не се клучни“.

„Тоа ќе биде уште една голема борба, така што веројатно најприродно ќе биде да се одржи уште еден меч. Но, тоа со договорот не е предвидено. Сакаме да се концентрираме на завршување на работата околу оваа втората борба, а за третата можеме да зборуваме подоцна“.

Местото ќе се одреди по потпишувањето на договорите. Веројатно ќе се врати во T-Мобиле арена, но Гомез очекува и поиздржана понуда на МСГ, како што беше случајот за првата средба.

Головкин во последните пет години три пати се борел во Медисон сквер гарден и два пати во Театарот Медисон сквер гарден.

„Скапо е одржувањето на борби во Њујорк. Дополнителни трошоци, хотели … Но, тоа се двајцата водечки кандидати и еднаш кога договорат ќе биде потпишан, веднаш ќе се оддадеме на работа“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО