Канело ќе оди на операција, можеби ќе паузира една година: И на моето тело му треба одмор

Канело Алварез доминираше на мечот против Генади Головкин, а на крајот со едногласна одлука го совлада Казахстанецот и ги одбрани шампионските појаси на ВБА (Супер), ВБЦ, ИБФ и ВБО во суперсредна категорија.

Мексиканската ѕвезда по боксерскиот спектакл кој се одржа во Лас Вегас откри дека треба да се оперира на зглобот на левата рака.

Имено, oд ноември минатата година go мачи оваа повреда од победата над Кaлеб Плант, а до сега ја одложуваше операцијата.

Забележа дека сака да одмори малку пред да се врати во рингот, може да паузира дури една година.

„Сè боли, сè“, рече 32-годишниот Канело Алварез и додаде:

„Имам проблем со зглобот од борбата со Калеб Плант и постојано ја одложувам операцијата. Но, не можам повеќе, се влошува, морам да го поправам. Беше многу лошо за време на борбата. Ништо не е скршено, но има многу болки“.

Докторот на Канело изјави колку долго ќе трае закрепнувањето доколку Алварез реши да се оперира:

„По операцијата закрепнувањето може да трае од осум до 12 недели, во зависност од тоа како ќе изгледа рехабилитацијата“.

Канело истакнува дека нема да се бори пред мај, додавајќи дека може да има уште една година.

„Морам да земам малку одмор, тоа му треба на моето тело“, подвлече Канело Алварез.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON