Канело ја прекина соработката со Де ла Хоја: Не го сакам во моја близина

Апсолутниот шампион во суперсредна категорија Канело Алварез засекогаш ја прекина врската со боксерскиот промотoр Оскар де ла Хоја.

Мексиканската боксерска суперѕвезда ја напушти промоцијата на Голден бој, тужејќи ја организацијата и ДАЗН за прекршување на договорот од 2020 година.

Тужбата ќе се решава вонсудски, но оттогаш односите се многу затегнати. Канело верува дека Де ла Хоја бил неправеден кон него и не бил лојален.

А сопственикот на Голден бој смета дека причина за конфликтот е тренерот на Канело, Еди Рејнос.

Мексиканецот на 4 мај ќе ја брани шампионската титула во суперсредна категорија против Хаиме Мунгуја, со кој раководи Голден бој.

Канело тврди дека неговата врска со Де ла Хоја е неповратно нарушена и дека повеќе не можат да се помират.

„Не можеме повеќе да ја поправиме нашата врска. Не сакам да му бидам пријател. Добро ми е таму каде што сум и не ми треба“, рече Канело и додаде:

„Не го сакам околу мене, не ми треба таква вибрација во мојот живот. Вистина е дека не сакам да се расправам. Јас сум човек кој се фокусира на работата. А Де да Хоја си го прави своето. Не знам дали прави нешто во моментов, но треба да се држи до она што го прави цел живот“.

Борбата ќе се емитува на Амазон прајм видео за вториот ППГ на ПБЦ мрежата, но може да се купи и на ДАЗН.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО