Канело: Борете се меѓу себе – престенете да ме предизвикувате

Сол Алварез е навикнат да се бори со најдобрите и уморен е сите да го предизвикуваат.

Мексиканецот секојдневно добива закани.

Тој неодамна потпиша договор за два меча оваа година – со Дмитри Бивол и Генади Головкин. Сепак, секојдневно неговото име се поврзува со други средби.

„Јас само си ја работам работата, но сите сакаат да се борат со мене и знам зошто – поради чекот“, изјави Канело.

„Јас излегувам против најдобрите. Минатата година ги победив сите шампиони во суперсредна категорија. Знам дека секој сака му се плати, но треба да се борите меѓу себе. Престанете да ме предизвикувате. Ќе се борам со победникот меѓу вас, не чекајте ме. Не ми е гајле кој сака да оди против мене.

Веќе сум зафатен оваа година, имам свој план“, додаде Алварез.

Канело е предизвикан не само од боксери, туку и од ММА борци.

Шампионот на УФЦ во полусредна категорија Камару Усман се закани дека ќе ги шокира сите и ќе го нокаутира лицето на боксерот.

Вакви закани секојдневно се слушаат на адресата на црвенокосиот.

Тој е навикнат на нив, но по последното интервју стана јасно дека чашата веќе почнува да се прелева.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО