Канело Алварез заработи 50 милиони долари од борбата со Шарло

Сол Алварез – Канело однесе дома 50 милиони долари од борбата против Жермел Шарло.

Тие се бореа изминатиов викенд во Лас Вегас. Канело успеа да победи со одлука и да ги одбрани титулите во суперсредна категорија. Тоа беше 60-та победа за мексиканската ѕвезда. Алварез во својата боксерска кариера веќе има заработено над 550 милиони долари.

Сол е во победничка серија од 3 борби и сега има боксерски скор 60-2-2.

Алварез е првиот и единствен боксер во историјата кој стана неприкосновен шампион во супер средна категорија, имајќи ги титулите на ВБА (Супер), ВБЦ и на магазинот Ринг од 2020 година, како и титулите ИБФ и ВБО од 2021 година.

Се очекува Алварез да се врати во мај 2024 година.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by P U N C H E R ™ (@mmapuncher_tm)

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО