Канело Алварез: Вајлдер замрзна во борбата со Паркер

Дионтеј Вајлдер е меѓу најуспешните нокаути во историјата на боксот. Сепак, се чини дека повеќе не може да се потпира на своите сили.

Секогаш кога „Бронзениот бомбардер“ ќе зачекореше во рингот на сите ни беше јасно дека овој меч нема да се заврши на поени. Само тројца противници останаа со него до крајот, едниот беше Бирмејн Стиворн, другиот Тајсон Фјури и третиот сега, ден пред Божиќ, Џозеф Паркер.

Паркер во дуелот со Вајлдер влезе како аутсајдер, но најмногу успеа да изненади на целата борбена карта. Тој не само што доминираше над американскиот противник, туку и не допушти да му направи штета. Според еден од тројцата судии, тој дури ги добил сите дванаесет рунди, што дефинитивно е причина за загриженост.

Како навивач на Вајлдер, Сол Алварез-Канело не ја пропушти борбата. Сол признава дека на Дионтеј му недостасувало нешто и многу е веројатно дека никогаш повеќе нема да го најде.

„Главниот проблем на Вајлдер беше што воопшто не можеше да работи со нозете. Требаше да се каже дека неговото движење никогаш не било одлично, но сега се чинеше дека е целосно замрзнат. Не знам дали страдаше од повреда или е остарен, но неговото движење беше апсолутно катастрофално.

Вајлдер од почетокот на дуелот стоеше таму како лесна мета, чекајќи некој да го погоди, а Паркер го направи тоа. Паркер заслужено ги доби сите рунди и се плашам кога некој ќе добие таков ќотек дека после тоа нема да се варти“, изјави Канело за Бокс сошл.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО