Канело Алварез со убедлива одлука на судиите го победи Жермел Шарло

Апсолутниот шампион во суперсредна категорија Канело Алварез рутински ги одбрани појасите и стигна до 60-та победа во кариерата.

Мексиканската боксерска ѕвезда со едногласна одлука го победи Жермел Шарло во Т-Мобиле арената во Лас Вегас.

Како апсолутен шампион во супервелтер категорија, Американецот сакаше да биде вториот боксер кој ќе обедини четири светски титули во две тежински категории, но на пат беше спречен од одличниот Канело.

А мексиканскиот борец ја контролираше борбата уште од првата рунда и со одлични комбинации му се закани на противникот, кој сакаше да го види крајот на мечот на нозе.

Шарло најмногу се бранеше, а кога имаше шанса за контранапад, главно се повлекуваше, избегнувајќи уште неколку обиди на Канело.

Во седмата рунда Канело го стресе Шарло со десен аперкат, а по десниот аперкат Американецот се потпре на коленото за да добие неколку секунди да се опорави.

Шарло се опорави од тој нокдаун, па продолжи да се држи до својот план, а нешто покажа дури во деветтата рунда.

По дванаесет рунди еднострана акција, сите тројца судии бодуваа во корист на Канело, резултатот беше 119-109, 118-109 и 118-109.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО