Канело Алварез се извини на Меси и на Аргентина

Мексиканскиот боксер Сoл Алварез се извини за неговите остри коментари на сметка на капитенот на Аргентина, Лионел Меси. Алварез го критикуваше Меси откако на интернет се појави видео на кое се гледа како Меси ги соблекува копачките и го турка дресот на еден од играчите на Мексико.

Репрезентацијата на Аргентина го совлада Мексико (2-0) во натпревар од 2. коло од групната фаза на Светското првенство 2022 година. Канело му се закани на Меси и рече дека ќе го удри со тупаница доколку тие двајца некогаш се сретнат. Критиките паднаа кон Алварез, кој ја сфати својата грешка.

„Во последните денови страста и љубовта кон мојата земја го извлекоа најдоброто од мене и давав непримерни коментари. Затоа сакам да му се извинам на Меси и на луѓето од Аргентина.

Секој ден учиме нешто ново и сега е мој ред“, напиша на Твитер неприкосновениот светски шампион во суперсредна категорија.

Добро е што Канело сепак ја сфати својата грешка. Неговите закани кон Меси му донесоа само негативи.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО