Канело го раскина најголемиот боксерски договор од 365 милиони долари

Една од најголемите боксерски ѕвезди на денешницата, Мексиканецот Сoл Алварез Канело го раскина најбогатиот договор во историјата на боксот од 365 милиони долари, прекинувајќи ја соработката со „Голден бој промоушнс“ на Оскар де ла Хоја и стриминг платфората „ДАЗН“.

Според менаџерот на Алварез, Еди Рејносо, 30-годишниот Алварез сега станува слободен агент и веќе има најавено меч против Кејлеб Плент на 19 декември.

„Во мојата улога како тренер на Сол Алварез, објавувам дека од денеска Канело станува слободен агент за да продолжи со својата кариера. Работиме напорно на враќањето во рингот за да докажеме дека мексиканскиот бокс е најдобриот“, вели Рејносо.

Алварез потпиша договор за 11 меча вреден неверојатни 365 милиони долари со „ДАЗН“ во октомври 2018 година, но откако во две години имаше само три меча по договорот, ги тужеше Оскар де ла Хоја и „ДАЗН“ за 280 милиони долари за неисполнување на условите на договорот.

Алварез (53-2-1, 36 КО) последен пат боксираше во ноември 2019, освојувајќи ја ВБО титулата во средно тешка категорија со нокаут во 11. рунда против Сергеј Ковалев за негова четврта титула во кариерата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON