Канело Алварез доминираше против Авни Јилдирим и славеше со прекин по третата рунда

Канело Алварез без никакви проблеми и многу убедливо стигна до 55-та професионална победа, бранејќи ги шампионските појаси на ВБЦ и ВБА. Мексиканската yвезда го совлада Турчинот Авни Јилдирим на боксерскиот настан на Хард rок стадионот во Мајами со прекин по третата рунда.

Канело доминираше во сите три рунди и турскиот боксер не знаеше како да му врати на шампионот. Кон крајот на третата рунда Мексиканецот го сруши противник, што беше сигнал за тимот на Јилдирим да ја прекине борбата за време на паузата.

„Сакав тука одлично да се борам и да го соборам противникот. Морав да го направам тоа“, рече Канело пред 15.000 гледачи на стадионот во Мајами.

Следната борба Канело Алварез (55-1-2) ја има во мај против шампионот на ВБО, Били Џо Сандерс (30-0, 14КО), тоа ќе биде голем меч за обединување на титулите.

„Сакам да испишам историја и да бидам еден од најдобрите во светот“, рече Канело Алварез.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО