Канело: Ако народот сака – ќе има трета пресметка со Головкин

По освојувањето на третиот шампионски појас со победата над Даниел Џејкобс, Сол Алварез – Канело” беше запрашан против кого сака да се бори во наредниот меч.

Најочигледно име – Генади Головкин, очигледно не е меѓу првите желби на Мексиканецот.

„За мене пресметката со него заврши. Но, ако народот сака уште еден дуел, пак ќе го направиме тоа. И пак ќе го победам“.

Многумина веруваат дека Головкин потпиша договор со ДАЗН за да стигне до трети дуел со Алварез, но промоторот на Мексиканецот Оскар де ла Хоја пред неколку денови изјави ори ГГГ мора да освои некоја светска титула, за да може повторно да се бори со Канело.

„Го барам најголемиот предизвик“, продолжи Алварез и додаде: „Тоа го сакам … Затоа сум тука. Затоа сум роден. Да се ​​борам. Да го одбранам она што е мое. Ќе се сретнам со секого“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON