Камбосос сака да ја брани титулата пред 80 илјади гледачи во Сиднеј

Новиот шампион на ВБА, ВБО и ИБФ во лесна категорија Џорџ Камбосос (20-0) изјави дека најлогично на светот е тој да ги одбрани појасите и да го нападне следниот во Сиднеј. Австралиецот очекува на негова територија да се води борбата за обединување на титулите со Девин Хејни (26-0), кој го држи појасот на ВБЦ. Згора на тоа, тој е убеден дека таков меч ќе собере 80.000 гледачи на фудбалски стадион.

Камбосос го победи Теофимо Лопез (16-1) минатата недела, а многумина неговата победа ја нарекоа изненадување. Сепак, 28-годишниот шампион не мисли така.

„Веќе тоа јас сум тој кој командува со парадата. Ги имам сите водечки појаси и јас треба да ги поместувам фигурите. Мојот следен меч ќе биде во Австралија, пред 80.000 гледачи. Очекувам да биде против Девин Хејни. Мислам дека ќе ја брани титулата викендов, а јас ќе бидам во првиот ред да гледам. Ако се претстави добро, седнуваме да разговараме“, изјави Камбосос.

Хени ќе се соочи со Џозеф Дијаз (32-1-1) во недела наутро, по македонско време. Мечот е во Лас Вегас, а успехот на 23-годишниот шампион ширум ќе ја отвори вратата за обединувачки меч за сите појаси во пролетта 2022 година.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО