Камбери извојува една победа за Македонија на ЕП У-23 (ВИДЕО)

Kamberi pobednik vo Ruse EP U-23

Раиф Камбери (-61 кг) ја забележа единстевната победа за нашата репрезентација на Европското првенство У-23 во бугарскиот град Русеп.

Тој со технички туш 10-0 во осминафиналето го совлада Ањин Рудолф Шедлер од Австрија.

Камбери доминираше и не дозволи зафат на противникот. Сепак, во четврт-финалето налета на фаворитот во оваа категорија, Грузиецот Шота Партенадзе, од кого беше поразен по 3:27 минути, исто така со технички туш (на поени 2-12). Камбери полагаше надежи во репасажот, но Грузиецот полуфиналето беше поразен со 6-1 од Имам Аџиев од Русија, така ништо не од плановите да се дојде до поволен пласман. Во вкупниот пласман Камбери е осми.

Бехар Махмути (- 70 кг) загуби со технички туш (0-10) од Молдавецот Николај Ширеаков, кој во четвртфиналето беше елиминиран од Азербејџанецот Гаџимурад Омаров со 2-12.

Вчера, исто така со технички туш, беше совладан и Елмедин Сејфулаху (-57 кг).

Да потсетиме дека мината година на првото Европско првенство до 23 години во Полска, Халил Зубаиров освои бронзен медал за Македонија.

Ipon.mk/В. Д.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО