Камару Усман нема трпение да излезе и да ја брани титулата, која освои во март со доминација над Тајрон Вудли. Но, еден човек не престана да го брка пред борбата и за време на отворениот тренинг, а тоа беше Колби Ковингтон.
Двајцата со години се разминуваат и не можат да се сретнат во кафезот, но сега, очигледно, ќе се случи тоа. Ковингтон е поранешен привремен шампион и доби ветување дека ќе се бори за титулата против Усман, кој се надева дека Колби ќе покаже храброст и ќе ја прифати средбата.
„Се разбира дека ова е борбата што ја сакам, а и навивачите сакаат да ја видат. Се уште има работи кои треба да бидат решени и средени, за да се дојде до таква борба. Најважно е да сум здрав, бидејќи по мечот со Вудли имав важна операција. Јас сум човек кој сака да тренира и сега тоа ме убива, бидејќи не можам да тренирам. Сакам да сум активен и доминантени шампион, но најважно е да сум здрав. Постојано имам повреди, затоа тренирам премногу. Сакам да се борам против Колби, бидејќи три години бев во лов на него. Ми предлага 4-5 пати да се борам со него и јас прифаќав. Тој е оној кој не сакаше да се бори со мене. Сега се надевам дека ќе биде маж и ќе ја прифати битката. По неколку месеци ќе почнам да тренирам и на крајот на годината ќе се борам. Сакам да направам три борби оваа година, но операцијата ќе ме спречи“, рече Усман.